СО ПОБЕДА НАД ВОЈВОДИНА МЕТАЛУРГ ЈА ПРЕКИНА НИЗАТА НЕУСПЕСИ

04.03.2014 21:41
DAR_5327_resize

za tekst

Металург ја совлада Војводина во натпревар од 18. коло во Гаспром СЕХА регионалната лига, со резултат 29:27 (15:14).

Можеби до победата стигнавме потешко од очекуваното, но, целта ја остваривме – освоивме три нови бода и се искачивме на 4. место во лигата.

Натпреварот помина во израмнета борба во која Војводина пружи силен отпор, особено во првото полувреме. Во првиот дел од средбата гостинскиот тим постојано одржуваше предност од еден до два гола, а забележавме и дури девет израмнувања на резултатот. Така беше се до 25. минута, кога со голот на Циндриќ за првпат минавме во водство, 12:11. Од тој момент иницијативата премина во рацете на Металург, кој предноста не ја испушти до крајот на средбата. Војводина се обиде да го достигне нашиот резултат и во седум наврати успеа и да израмни, но гостинскиот состав немаше сили за целосен пресврт. Металург сосема заслужено дојде до победата.

Денеска го видовме и деби-изданието на нашето најново засилување, Вук Борозан. Иако во поголемиот дел од средбата играше во одбрана, тој сепак дојде и до својот гол-првенец за екипата на Металург. Според аплаузите на публиката, Борозан ги исполни нашите надежи. Видовме уште едно одлично издание на Миркуловски, но и на Манасков, кој по подолго време потсети дека е едно од најдобрите млади леви крила во Европа. Манасков денеска имаше 6 гола од 6 обида.. Стандардно добар беше Циндриќ, исто како и одличниот Дарко Станиќ, кој собра 12 одбрани.

В недела не очекува многу потешка средба, против белорускиот претставник Брест Мешков, но и Металург се очекува да настапи со Атман и со Вугринец во своите редови.

Металург – Војводина 29:27 (15:14)

Металург: Станиќ (11 одбрани + седмерец), Митревски (2 одбрани), Ојлески 3 (3/3), Димовски 3, Пецаковски, Георгиевски 2, Манасков 6, Миркуловски 6, В.Маркоски, Н.Маркоски 1, Мојсоски 1, Циндриќ 4, Кеџо 2, Јоновски, Борозан 1 и Мандиќ.        Седмерци: 3/4.       Исклучувања: 4 минути.

Војводина: Коциќ (8 одбрани), Арсениќ, Перовиќ, Попов, Елезовиќ 4, Веселинов, Мирковиќ 4, Пушица 6, Филиповиќ 3, Тодоровиќ 2, Николиќ 3, Арсениќ, Ивановиќ, Бабиќ, Станковиќ 3 и Чурковиќ 2.      Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 2 минути.

Судии: Милјан Весовиќ и Новица Митровиќ од Црна Гора.

Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.

Прочитано 1.774 пати

(3) Коментари

  1. BRAVRAVO MOMCI SEGA E DOBRO KOGA POBEDUVATE POZD

  2. Bravo decki, Mirkulovski kako i sekogas odlicen, posle dolgo vreme i Manaskov odigra na nivo i se nadevam deka konecno ke bide istiot Dean od minatata sezona, dobar ucinok i na Dimovski i ostanatite a izvonreden za samo dve minuti na terenot i Mitrevski isto kako i Stanic . Da se igra vo liga na sampioni e prestiz, ama znam deka mozete podobro i vo SEHA i ne se otkazuvajte. Vo nedela ideme na pobeda se nadevam so pogolema podrska od tribinite deka ke bide sovladan Brest Meskov. Sakame pobeda

  3. VELKO SE NADEVAM NE SE POVREDI VCERA?

Напишете коментар


− 1 = 2