Со средбата меѓу Металург и Бутел, утре почнува 4. коло на македонската Суперлига

26.09.2019 23:17
DAR_2032_resize_resize_resize

Со средбата меѓу екипите на Металург и на Бутел, утре почнува четвртото коло во машката Суперлига.

Оваа средба ќе биде прва која ќе ја одиграме без досегашниот тренер Дамир Стојановиќ, а Металург ќе го предводат Петар Мисовски и Марко Шешум.

Средбата ќе се одигра во Автокоманда, со почеток во 19 часот. Овој натпревар ќе го судат скопските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Марјан Начевски, исто така од Скопје.

Влезот е слободен за сите љубители на ракометот.

.

Металург 2, пак, во ова коло ќе се сретне со екипата на Пелистер. И овој натпревар ќе се одигра во Автокоманда и тоа в недела, со почеток во 18 часот. Судии на оваа средба ќе бидат Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје, додека делегат ќе биде Душко Камишевски од Скопје.

.

Останатите двојки во 4. коло се:

28.09.2019 г., 14.00 ч.:  Струга – Вардар Јуниор

28.09.2019 г., 19.00 ч.:  Охрид – Радовиш

28.09.2019 г., 19.00 ч.:  Тинекс Пролет – Работнички

.

Моментална табела:

.

Прочитано 217 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 2