Со свиреж на сирената Шербург го совлада Металург

17.01.2020 23:03
82147843_2480070392232509_5265006365838934016_n_resize

Металург од вчера е во Монлисон, каде е дел од меѓународен турнир со учество на екипите на Металург,  Спортинг, Шаран и на Шербург.

Во денешната втора полуфинална средба Металург загуби против екипата на Шербург, со резултат 21:22 (12:12).

Металург е десеткуван на овие подготовки, меѓутоа игра навистина посветено и борбено. Денешната средба мина во апсолутно рамноправна игра во текот на сите 60 минути и немаше воопшто да биде незаслужено ако вечерва славеше Металург.

Всушност имавме нерешено, 21:21 и само две секунди не делеа од изведување на седмерци, но противникот среќно ја заврши својата последна акција и се пласира во утрешното финале.

Тренерот Кастратовиќ и на оваа средба направи максимален број на измени, за да сите ракометари ја добијат својата шанса. Голем пех беше исклучувањето на Стефан Додиќ, на почетокот од второто полувреме, бидејќи тој во тој момент беше нашиот најдобар поединец.

Во борба за третото место, утре ќе играме со екипата на Шаран.

.

Фото:

Прочитано 399 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 15