Соопштение

05.11.2018 18:17
Соопштение 2

Почитувани, во почетокот на сезоната информиравме за интезивната дејност која имаше за цел подобрување на условите во работата на РК Металург, тогаш соопштивме дека во понатамошниот план се предвидуваат нови зафати за кои навремено ќе информираме. Во тој контекст, денес ве известуваме дека РК Металург и спорстката сала Автокоманда добија нова конференциска сала. Салата е комплетно реновирана во септември – октомври 2018 година, располага со конференциска маса, со 23  работни столици, можност за мултимедијална презентација, можност за презентирање на визуелен материјал од конферециската маса, на едно проекционо платно. Во иднина, се предвидуваат нови зафати за кои повторно навремено ќе информираме.

Конференциска сала 1

Прочитано 606 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3