СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА РАКОМЕТОТ

07.03.2012 14:47
563222_424880634254590_2003809201_n_resize

РК Металург ја информира македонската јавност дека за неполни три часа С.А. “Борис Трајковски“ е целосно распродадена. Металург како клуб дистрибуцијата на влезниците ја довери на реномираната фирма во таа област, Tobacco. Металург како клуб не располага со влезниците ниту може да ги продава. Брзината со која се продадени влезниците ги изненади сите, па и нас. Навистина сочуствуваме со луѓето кои ќе немаат можност да присуствуваат на тој натпревар а им честитаме на тие кои беа доволно брзи да дојдат до своите влезници.

Во Металург постојано ѕвонат телефони и многумина реагираат на фактот што карти веќе нема. За жал, капацитетот на салата е таков каков што е, картите беа пуштени точно во 12.00 часот и се натаму е чиста пазарна логика. До карти дојдоа најбрзите и најупорните, тие што први застанаа пред продажните места.

Прочитано 3.198 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =