Соопштение

10.09.2018 22:41
Насловна соопштение

Почитувани, во период пред почетокот на новата сезона интезивно се работеше на подобрување на условите за дејност во спортската сала Автокоманда. Службениот влез беше целосно обновен, се изврши реконструкција на кровната конструкција, фасадата и др. Вип просторијата доби нов изглед, а надворешниот шанк беше реконструиран. Се пристапи кон обновување на вториот влез, а истовремено целосно беа обновени просторите за реквизити, судиите и тренерите. Внатрешниот фасаден дел на салата, вклучително и трибините беа обновени. Со цел подобрување на условите беа преземени дејствија и во спортската теретана. Беше ивршена реконструкција на делот наменет за новинарите и снимателите. За потребите на салата беа набавени нови стативи и озвучување со цел задоволување на стандардите. Исто така беа извршени интервенци на подниот дел.

Во овој момент се работи на проектот за внатрешно брендирање на спорстката сала Автокоманда со намера добивање на нов и модерен лик.

Во понатамошниот план се предвидуваат нови зафати за кои навремено ќе информираме.

Службен влез

Вип просторија

Терен

Заден влез

Просторија за реквизити

Тренерска соблекувална

Ходник

Новинари

Теретана

Прочитано 1.412 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1