Списокот на машката репрезентација на Македонија за Медитеранските игри 2018

31.05.2018 11:46
taragona-2018

Во периодот од 24 јуни до 1 јули 2018, Македонија ќе настапи на 18-те Медитерански игри што годинава ќе се одржат во Тарагона, Шпанија.

Македонија на Игрите ќе биде претставена со машка и со женска репрезентации, а стручниот штаб на машката национална селекција го објави поширокиот список со имињата на 24 ракометари, кои ги повика на стартот на подготовките за овој турнир. Станува збор за комбиниран состав од сениорски и од младински репрезентативци, како и неколкумина помлади ракометари на кои стручниот штаб на нашата селекција ќе смета за креирање на сениорската репрезентација во иднина.

Првиот тренинг е закажан за 4 јуни 2018 со почеток во 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

.

Список на повикани ракометари: Мартин Томовски, Никола Даниловски, Никола Митревски, Даниел Ѓоргевски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Филип Арсеновски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски и Милорад Куковски.

.

Нашата машка репрезентација Игрите во Тарагона ќе ги отвори на 23 јуни со натпревар против Турција, ден подоцна ќе играме со Египет, а во групната фаза ќе се сретнеме и со селекцијата на Србија. Во периодот од 27 јуни до 1 јули ќе се играат завршните фази на турнирот.

Прочитано 152 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 7