Според Балкан Хандбал, Златко Хорват е најдоброто засилување во македонскиот клупски ракомет за оваа сезона

14.08.2020 14:41
117593122_2990114034451721_306433452999310311_o_resize

Специјализираниот ракометен портал, Балкан-Хандбал. ком, ги рангираше најдобрите 15 засилувања во македонскиот клупски ракомет за претстојната сезона.

На чело на листата е засилувањето на Металург од ППД Загреб – Златко Хорват, кој се најде пред Марко Вујин,  засилувањето на Вардар, и пред Стипе Мандалиниќ кој потпиша за Еурофарм Пелистер.

Во 15-те најдобри засилувања во македонскиот клупски ракомет се најдоа сите пет ракометари на Металург, кои ова лето му пристапија на нашиот клуб: Златко Хорват (1), Момир Рниќ (4), Марко Тарабокиа (8), Бранко Канкараш (12) и Никола Потиќ (14).

.

Топ 15-ет засилувања:

01. Златко Хорват (ППД Загреб – РК Металург)

02. Марко Вујин (Спортинг Лисабон – РК Вардар)

03. Стипе Мандалиниќ (Фуксе Берлин – РК Еурофарм Пелистер)

04. Момир Рниќ (РК Пролетер – РК Металург)

05. Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт – РК Вардар)

06. Јосип Периќ (Гепинген – РК Еурофарм Пелистер)

07. Ловро Јотиќ (РК Еурофарм Пелистер/Бенфика – РК Вардар)

08. Марко Тарабокиа (Чурго – РК Металург)

09. Филип Талески (Балинген – РК Вардар)

10. Анте Гаџа (ППД Загреб – РК Вардар)

11. Томислав Кушан (Ла Риоха – РК Еурофарм Пелистер)

12. Бранко Канкараш (Мешков Брест – РК Металург)

13. Патрик Валчак (ТУС Либеке – РК Вардар)

14. Никола Потиќ (Либек – РК Металург)

15. Марко Танкоски (РК Металург – РК Еурофарм Пелистер).

Прочитано 163 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =