Топ Вести

Срамотно издание на младинците на Металург 2 во Велес

05.04.2018 12:33
_DSC0078_resize

Во Велес се одигра натпревар од осмото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, меѓу младинските екипи на ГРК Велес и на Металург 2.

Средбата заврши со поделба на бодовите, а посреќни беа нашите младинци, кои на крајот успеаа да постигнат гол и да го израмнат резултатот.

За жал, видовме несериозно и неодговорно издание на нашите ракометари, од кои повеќето играат во сениорската екипа на Металург 2, а беа и дел од успешните настапи на нашите кадетска и младинска репрезентации на турнирот во Унгарија. Веројатно нашите ракометари очекуваа дека противникот ќе се уплаши и сам ќе им се предаде на победниците од Унгарија, но место тоа велешаните одиграа машки натпревар и беа блиску до освојување на сите три бода. Ваквиот самобендисан пристап на нашите ракометари веројатно ќе го запали црвениот аларм кај раководството на Металург 2, особено пред претстојните средби во плејаутот на кои Металург 2 ќе се обиде да го сочува суперлигашкиот статус.

Веќе в сабота Металург 2 го очекува ново искушение во плејаутот – во Автокоманда доаѓа ГРК Борец, ама не оној младинскиот, туку сениорскиот.

.

ГРК Борец – Металург 2  21:21 (11:12)

ГРК Борец: Белчовски, Кочов 4, Смилев 3, Јанков 1, Ристовски 2, Билиќ, Јанков, Јордановски, Николов 4, Солев 1, Рушков, Мишев, Витанов 3, Минов 3, Аврамовски и Крстовски.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 4 минути.

Металург 2: Богдановски, Митиќ 1, Смилевски, Гајиќ 2, Костески 2, Младеновиќ 8, Кофиловски 2, Л.Додиќ, Гошевски 3, Кондев 1, Лембанов, Ристовски 1, Василевски, С.Додиќ, Трајковски и Божиновски 1.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Јовановски Иван иСтанков Стефан од Штип.

Делегат: Јовановски Зоран од Штип.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 5 =