Топ Вести

СРЕЌАТА НИ ГО СВРТИ ГРБОТ. МЕТАЛУРГ ЗАСЛУЖИ ДА ПОБЕДИ

06.12.2014 22:52
MAJ_6370_resize

za tekst

Вечерва среќата ни го сврти грбот. Во драматична завршница, Металург ја испушти победата, на само две секунди до крајот од средбата. Последната минута беше повеќе од контроверзна. Имавме гол предност и напад. На 30 секунди до крајот Мојсовски постигна гол, кој требаше да  биде сигнал за голема радост, но неочекувано беше поништен. Десетина секунди подоцна, Пешиќ одбрани клучен удар, а Брест доби можност да организира напад за кој имаше точно 15 секунди. Епилогот е познат.

Денеска нашите ракометари се бореа како лавови и заслужија да победат. Во поголемиот дел од натпреварот бевме во резултатска негатива, но во ниту еден момент не потклекнавме и не се предадовме. Последните пет минути се антологиски. Пресвртот го иницираше публиката во салата, која буквално експлодираше во својата поддршка за нашите ракометари. Се чини дека атмосферата што се создаде е навивачкиот врв што може да се случи на еден натпревар. Осоколени, нашите ракометари направија серија од 3:0 и целосно го свртија резултатот. За жал, тоа не беше доволно за победа.

Резултатската неизвесност и важноста на бодовите за двете екипи доведоа до чести сцени кои беа на ивица на инцидент, а грубоста стана заштитен знак на гостинските ракометари, кои добија дури 14 минути казна.

Денеска реално требаше да славиме со пет до седум гола разлика, но виша сила не ни дозволи да стигнеме до победата“, кажа Растко Стојковиќ на прес-конференцијата по натпреварот. Дали беше така – видоа сите, а која е вишата сила на која се повикува арогантниот Стојковиќ ни беше ускратено да дознаеме…

По денешниот нерешен резултат, и претходно мали, шансите на Металург за пласман во осминафиналето станаа микроскопски и нереални.

Металург – Брест Мешков  27:27 (12:14)

Металург: Митревски (9 одбрани), Мисовски, Димовски, Н.Маркоски 3, Манасков 8, Ојлески, Георгиевски 1, Џукиќ, Јоновски, Кукоски, В.Маркоски, Миркуловски 5, Мојсовски 6, Нелоски, Талески и Вугринец 4.     Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 6 минути.

Брест Мешков: Пешиќ (19 одбрани + 2 седмерци), Астрашапкин, Бабичев, Баранов, Божовиќ 5, Чарапенка, Камишик, Манојловиќ 5, Никуленков 1, Разгор 1, Рутенка 4, Шумак, Шилович, Шпилер 4, Стојковиќ 6 и Вукиќ 1.     Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 минути.     Црвен картон: Шпилер (3х2 мин).

Судии: Андре Хансен и Ојсејн Петерсон од Норвешка.

Делегат: Јанко Пожезник од Словенија.

Прочитано 3.182 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 2 =