СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

31.12.2011 08:11
880968-2012-a-year-in-review-dw_resize

На крајот сме на една прекрасна година која ни донесе многу радосни моменти, големи победи и целосна меѓународна афирмација. Успеси до кои дојдовме со многу труд и реки пролеана пот. Труд на нашите ракометари и ракометарки, но и на луѓето во и надвор од нашиот клуб. Непроспиени ноќи, поминати огромни растојанија, безброј часови тренинг. Труд на нашата управа и луѓето задолжени за логистика. Заеднички го носевме товарот, заеднички се радувавме на успесите. Дојде време малку да застанеме, да се одмориме, да се посветиме на нашите семејства. Дојдоа новогодишните празници.

На сите луѓе во клубот, на нашите ракометарки, на нашите спонзори, нашите верни Пирати и сите симпатизери на клубот, им посакуваме среќни новогодишни празници. Нека идната, 2012 година, ни донесе радост, среќа, здравје и бериќет. Нека ни донесе нови спортски успеси кои ќе го прослават нашето име, ќе ја прослават и нашата татковина.

Вам и на Вашите семејства им посакуваме среќна Нова Година !

 

                                                                         Ракометен клуб Металург

                                                                         Ракометна Академија на Металург

                                                                         Веб сајт на Металург

Прочитано 339 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 16