СРЕЌНИОТ ГОЛ НА МОЈСОВСКИ НИ ДОНЕСЕ ТРИ БОДА

22.02.2012 22:57
DSC_0725_resize

Денешниот натпревар против Борац од Бања Лука помина во напрегната и до крај неизвесна борба. Металург очигледно со мислите е на натпреварот со Хамбург, па неговото денешно издание беше далеку од добро. Екипата на Борац, сосема солидна, беше на прагот да приреди изненадување и да однесе бод од “Автокоманда“. Последниот удар на Наумче Мојсовски од тешка и неизградена позиција, на три секунди до крајот, помалку среќно заврши во голот на гостите.

Борац од самиот почеток навести дека нема лесно да се предаде. На стартот противникот поведе со 1:4 (5 минута). Металург изедначи дури во 10-тата минута (4:4), а своето прво водство го оствари при резултат 6:5, во 15-тата минута. На полувреме заминавме со предност од само еден гол (13:12).

Второто полувреме помина во наше константно водство. Максимална предност имавме во 36 минута кога поведовме со 18:14. Посебно загрижува фактот што токму во овој период, иако во неколку наврати имавме ракометар повеќе, не само што не ја зголемивме разликата него во такви ситуации примивме дури 5 гола. Нашата разлика брзо се стопи и влеговме во неизвесна завршница. Врвот на тензијата беше достигнат во последната минута кога противникот успеа да го израмни резултатот, 25:25. Остануваа 30-тина секунди, ние бевме во напад. Противникот со постојани прекини успеваше да се одбрани, се до оној момент кога Наумче Мојсовски, помалку во очај, упати удар на три секунди до крајот. За наша среќа, постигнавме гол.

РК Металург – РК Борац   26:25 (13:12)

РК Металург: Станиќ 6 одбрани, Ангелов 7 одбрани, Стоилов, Левов, Димовски 3, Маџовски, Георгиевски 1, Козлина 6, Манасков 1, Миркуловски 3, Маркоски 1, З.Мојсоски 2, Н.Мојсовски 8, Стојчевски 1, Јоновски и Алушовски.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 0 мин.

РК Борац: Блажевиќ, Сабљиќ 3, Паниќ 2, Пешиќ, Љубишиќ, Стојановиќ 5, Микиќ, Мандиќ, Хасељиќ, Шубара, Обрадовиќ 2, Карачиќ 1, Тривунџа 5, Челиќ, Џукиќ 6 и Врањеш 1.      Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 12 минути.    Црвен картон: Врањеш во 44 минута.

Судии: Боричиќ Марко и Марковиќ Дејан од Србија.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Прочитано 1.255 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5