Стана познат составот на групите за претстојниот ракометен турнир во Струга

04.08.2020 14:49
struga-turnir-1_resize

Од 12 до 16 август на отвореното игралиште “Горан Попоски Бабец“, кај “Женска плажа“, ќе се одржи 48. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.

Овој пат на турнирот ќе учествуваат осум македонски екипи, кои веќе се поделени во две групи:

.

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2

Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп и Струга

.

Организаторите во најскоро време треба да ги објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите на овој наш најстар ракометен турнир. Ќе се играат по три меча дневно и тоа во вечерните термини, освен на финалниот ден, а се уште не е познато дали ќе биде дозволено лимитирано присуство на публика.

Прочитано 463 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 3