СТАРТУВА “ПЕКОЛНИОТ“ МЕСЕЦ НА РК МЕТАЛУРГ

06.02.2012 10:58
metalurg2011-1_resize

Денес околу 8 часот РК Металург тргна на пат кон Нашице (Хрватска) и со тоа стартуваше со “пеколната“ серија која го чека во идниот период. Нексе, Цимос Копер, Металопластика, Висла Плоцк, Борац и Хамбург, се последователни алки во низата која започнува со утрешниот натпревар а завршува на 26 февруари. Дваесет дена…шест натпревари, од кои три во најтешкото натпреварување во светот, Лига на шампиони. Не очекуваат 20 напорни дена во кои ќе се поминат неколку илјади километри во автобус и авион, во кои гостуваме во 4 земји и играме секој трет ден. Ова е период кој ќе ја дефинира позицијата на Металург во Л.Ш. и ќе одреди дали ќе стартуваме од 2,3 или дури 4 место во елиминационата фаза.

Лошото време само ја отежнува ситуацијата и се очекува патот до Нашице да потрае многу подолго од вообичајното.

На нашите момчиња им посакуваме среќен пат и добри резултати.

Прочитано 940 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 12