СТАРТУВА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – ХАМБУРГ

03.02.2012 17:26
avtokino-boris-trajkovski-milenium

Нешто порано од вообичајното стартува продажбата на влезниците за натпреварот Металург – Хамбург. Причината е во огромниот интерес што владее за овој натпревар. Со цел да се избегнат непотребните турканици управата на Металург реши продажбата да започне од понеделник, 06.02.2012 година, во 12.00 часот.

Се информираат сите заинтересирани дека побарувачката е огромна и во нивен интерес е на време да се снабдат со потребната влезница. Се очекува дека во текот на првите 10 дена ќе биде распродадена целокупната количина.

Цените на билетите се следни:

– Блок Б6,Б7,Б8,Б9 и Б10 (горни блокови) ке се продаваат по цена од 60 денари,

– Блок Б2,Б3,Б4,Б5,Б11,Б12,Б14 и Б15 (горни блокови) ке се продаваат по цена од 100 денари,

– Блок М1,М7,М8,М9 и М15 (долни блокови) ке се продаваат по цена од 150 денари,

– Блок М2,М3,М4 и М12 (долни блокови) ке се продаваат по цена од 200 денари.

 Влезниците и овој пат ги дистрибуира компанијата Тобако АД Скопје, преку своите три продажни мрежи: TOBACCO, Together и 24/7, на 51-но продажно место низ Републиката.

Прочитано 1.444 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 6