СТАРТУВАШЕ “СТРУШКИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР“. МЕТАЛУРГ ДОЈДЕ ДО ПРВАТА ПОБЕДА

16.08.2012 14:57
428911_459776974053160_1890840816_n

Стартуваше јубилејниот “40-ти Струшки ракометен турнир“.

Во првиот натпревар се сретнаа екипите на Струга и Динамо Минск. Победи многу поквалитетниот белоруски шампион со огромни 38:11, полувреме 18:7.

Во вториот натпревар најпосле го видовме и сезонското деби на Металург кој за противник ја имаше романската екипа Дедеман Бакау. Прв сезонски натпревар, со екипа која очигледно е во понапредна фаза од подготовките и која доаѓа од силното романско првенство. Ако тоа и беше причина за стравување кај некои од нашите симпатизери тогаш воведните неколку минути како да водеа кон таа насока. Неколку наши нереализирани акции, лош старт на нашата одбрана и противничко водство од 4:1.

За среќа, многу брзо Металург ја стабилизира својата игра, Ангелов уфрли во “втора брзина“ и, по наша серија од 5:0, дојдовме до пресврт и водство од 6:4.

До крајот на натпреварот Романците не добија шанса да сторат нешто повеќе и нивниот пораз беше неминовен.

За свој прв натпревар, Металург одигра сосема пристојно. Првпат за Металург одиграа Додер и Вучичевич, а по долга пауза настапи и Батиновиќ. Поштеда на оваа средба добија Станиќ и Алушовски.

За најдобар играч на натпреварот е прогласен Наумче Мојсовски, стрелец на 7 гола.

Денес Металург е слободен а утре ќе се сретне со стариот познаник од ЕХФ Купот, екипата на Брест Мешков.

РК Металург – Дедеман Бакау   26:19 (12:9)

РК Металург: Ангелов (16 одбрани), Митревски, Левов 2, Димовски 1, Наумовски, Георгиевски 2, Козлина 1, Манасков 3, Миркуловски 5, Maркоски, З.Мојсоски 2, Н.Мојсовски 7, Додер, Стоилов, Батиновиќ, Јоновски и Вучичевиќ 3.      Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 4 минути.

Дедеман Бакау: Лизкај, Јанцу 1, Ротару, Мојса, Рамба, Манеа, Војца, Бујор 1, Гхита 3, Да Силва 5, Доспинеску, Георгеску 4, Пауница 2, Тевзадзе, Нованц 1 и Пајус 2.          Седмерци: 0/1.           Исклучувања: 2 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегати: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 642 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 2