Стеауа капитулираше во Букурешт

22.02.2019 19:36
Faza in meciul de handbal masculin dintre Steaua Bucuresti si Metalurg Skopje, contand pentru Liga SEHA, desfasurat in Sala Sporturilor Concordia din Chiajna, vineri 22 februarie 2019. © FOTO Razvan Pasarica/SPORT PICTURES

Металург се враќа со победа од незгодното гостување во Букурешт, кај поранешниот европски шампион Стеауа. Во тежок и израмнет натпревар, Металург го совлада својот противник со резултат 28:26 (11:12).

Не им беше лесно на момците на Данило Брестовац да го одиграат овој натпревар. Имаме огромна пауза од декемвриските средби и ова е наш само втор официјален натпревар во последните 2.5 месеци. Дополнително, бевме ослабени од неиграњето на нашиот најдобар стрелец Александар Шпенде, а од поодамна сме без услугите и на нашиот прв десен бек Мартин Велковски.

Долгата пауза е причина за лошиот почеток на Металург на овој натпревар, бидејќи се мачевме во првите осум минути во кои постигнавме само два гола. Стеауа ги искористи своите шанси и имаше постојана предност се до резултат 5:3. Но, за среќа, Металург брзо се опорави од почетниот шок и со серија од 3:0 го презеде водството. Се до крајот на првото полувреме се играше израмнето, а на одмор екипите заминаа со минимална предност за домашните ракометари.

Металург добро го отвори и вториот дел и за само четири минути успеа најпрво да израмни, а потоа и да поведе со 13:14. Кога сите очекувавме дека Металург ќе продолжи со својата офанзива, се случи спротивното. Нашиот тим влезе во резултатска криза и во следните десет минути не постигна ниту еден гол. Во овој ист период Стеауа направи серија од дури 6:0, за убедливо водство од 19:14 во 45. минута.  Во тој момент се чинеше дека средбата е загубена, но Металург успеа повторно да ги изненади сите. Во најтешките моменти одигравме најдобро, направивме комплетен пресврт и веќе во 58. минута повторно поведовме, овој пат со резултат 25:26. Се чини дека посебна свежина на тимот му даде влегувањето на одморните Серафимов и Токиќ, кои набрзина постигнаа четири гола. Последните две минути беа драматични. Стеауа ги вложи сите сили да спаси што може да спаси, но голот на Лазаревски на десет секунди до крајот ги реши сите дилеми – Металург победи и освои три нови бодови.

Посебно треба да се истакне улогата на повратникот во Металург Даниел Дупјачанец, кој особено во првото полувреме, во моменти на криза во нашите редови, сам го држеше Металург во игра. Во првото полувреме тој забележа 8 одбрани, 13 вкупно на овој натпревар.

Металург утре се враќа во Скопје, а веќе на 27 февруари повторно гостува – овој пат во Ниш кај Железничар на Веселин Вујовиќ.

.

РК Стеауа – РК Металург  26:28 (12:11)

РК Стеауа: Бабасафари (7 одб.), Мерла 1/1 (6 одб.), Рапчиуга 2/4, Михалчеа 1/2, Милошевиќ, Јохансон 3/4, Бечеру 1/2, Георгеску 3/4, Флореа 7/11, Константина 0/2, Вегар 4/9, Вујиќ 4/6, Хумет, Грбовиќ.    Седмерци: 1/2, Исклучувања: 2 мин.

РК Металург: Дупјачанец (12 одб., 1 сед.), Томовски, Јагуриновски 1/6, Лазаревски 1/1, Димитриоски 1/4, Токиќ 1/1, Шилегов 4/8, Танкоски 9/12, Серафимов 3/3, Чориќ 1/2, Младеновиќ, Пучник 4/5, Маџовски 3/3, Стојановиќ, Арсеновски.    Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

Прочитано 473 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 6