Стефан Додиќ е меѓу седумте млади ракометари, кои според ЕХФ ќе блеснат на квалификациите за ЕП 2022

03.01.2021 18:09
DAR_1434_resize_resize

Младиот среден бек на Металург, Стефан Додиќ (17), е еден од седумината млади ракометари, кои според ЕХФ ќе блеснат на квалификациите за ЕП 2022.

На оваа листа, Стефан е во друштво со Николај Лесо (Алборг), Домен Макуц (Барселона), Јанис Лене (Монпелје), Емил Нилсен (Нант), Јури Кнор (Минден) и со Оскар Сунефелт (Кил).

Во текстот, ЕХФ потсетува дека Додиќ своите први голови во Лигата на шампионите ги постигна на свои 15 години и дека оваа сезона веќе постигна 13 голови на средбите во рамките на Лига Европа.

Додиќ својот талент ќе има шанса да го покаже на претстојните квалификациски дуели за ЕП 2022 година, бидејќи се најде на листата на српскиот селектор Тони Херона, кој го повика Стефан за средбите со Грција и со Франција.

Прочитано 586 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4