Струга 2017: Металург во група со бранителот на трофејот

02.08.2017 21:41
DSC_0202_resize-610x405

Од 12-ти до 15-ти август во Струга ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир “Струга 2017“. Ова е 45-то издание на еден од најстарите ракометни турнири на Балканот.

Традиционално, сите натпревари ќе се играат на теренот на „Женската плажа“ во Струга, а победничкиот пехар освоен минатата година ќе го брани француската екипа Шартр.

 

И оваа година ќе настапат шест екипи поделени во две групи:

Група “А“:  Охрид, Бешикташ и Алингсас

Група “Б“:  Металург, Струга и Шартр.

 

Комплетен распоред на натпреварите:

Сабота, 12 август:

18.45 ч. – Свечено отворање
19.30 ч. – Шартр – Струга
21.15 ч. – Бешикташ – Алингсас

Недела, 13 август:

19.00 ч. – Бешикташ – Охрид
20.45 ч. – Металург – Шартр

Понеделник, 14 август:

19.00 ч. – Металург – Струга
20.45 ч. – Алингсас – Охрид

Вторник, 15 август:

18.00 ч. – Меч за петто место
19.45 ч. – Меч за трето место
21.30 ч. – Финале

Прочитано 1.912 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 1 =