Струга ќе биде домаќин на пионерскиот фајналфор и наш полуфинален противник

28.06.2021 13:49
DAR_1586_resize

По крајот на групната фаза, в среда ќе се одигра и завршницата во машкото пионерско првенство на Македонија. Домаќин ќе биде екипата на Струга, а натпреварите ќе се играат во салата “Нико Нестор“ во Струга.

Учество на завршниот турнир обезбедија победниците на групите од групната фаза, а тоа се екипите на ГРК Тиквеш 2014 (од група “А“), РК Струга (од групата “Б“), РК Металург (од групата “В“) И РК Голден Арт КЛ7 (од групата “Г“). Фајналфорот ќе се одигра в среда, на 30 јуни.

Познати се распоредот и сатницата од фајналфор-натпреварите:

10.00 часот, полуфинале 1:  ГРК Тиквеш – РК Голден Арт КЛ7

12.00 часот, полуфинале 2:  РК Струга – РК Металург

17.00 часот:  Натпревар за третото место

19.00 часот:  Финале

Средбата меѓу пионерите на Струга и на Металург ќе ја судат Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов, додека делегат ќе биде Камер Металари.

Прочитано 211 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 1