Судии од Турција за средбата на Металург со екипата на Фиверс

21.11.2020 14:45
a5d28d8525b6999_resize

Во рамките на четвртото коло на групната фаза во Лига Европа, Металург овој вторник ќе се сретне со екипата на Фиверс од Австрија.

Средбата ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански“, со почеток во 18.45 часот.

Позната е и судиската двојка што ќе ја води оваа средба. Се работи за Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, судии од Турција. Делегат, пак на оваа средба ќе биде Камер Металари од Скопје.

Прочитано 107 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 4 =