Суперлига: жестока борба за последното слободно место во плејоф фазата. Табела

25.12.2020 21:29
DAR_7667_resize

Денешното, претпоследно, коло од регуларниот дел во групата “Б“ од македонската Суперлига донесе два изненадувачки резултати, порази на водечките Металург и Бутел. Тиквеш на домашен терен го совлада Металург, додека Прилеп на гости ги однесе бодовите во мечот со Бутел.

Во пресрет на последното коло, следеме крајно неизвесна борба за последното слободно место во плејоф фазата, за кое конкурираат дури три екипи – Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Прилеп. Се ќе се решава во последното коло во кое директно ќе се пресметаат Прилеп и Еурофарм Пелистер 2, додека Тиквеш ќе се обиде да ги освои бодовите на гостувањето кај Работнички.

.

Денешни резултати:

Тиквеш – Металург  40:38 (19:20)

Бутел – Прилеп  19:21 (8:11)

Младост Богданци – Работнички  35:28 (16:14)

.

Моментална табела:

.

Последно коло (недела, 27 декември):

17 часот:  Прилеп – Еурофарм Пелистер 2

17 часот:  Работнички – Тиквеш

20 часот:  Металург – Бутел

Прочитано 100 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 1