Табели, по последното коло на мини-лигата на Металург за регионот Скопје

29.04.2018 20:09
_DSC0243_resize

По одигрувањето на последното коло на мини-лигата на Металург за регионот Скопје, еве ја состојбата на табелите:

.

Иако останаа да се одиграат уште две средби, кај машките во генерација 2006/7 е се јасно. На фајналфор-турнирот ќе настапат екипите на Макстил од Скопје, на тренерот Габриела Миленковска, и екипата на Сани 14 од Охрид, на тренерот Сани Џамтоска, но победник во групниот дел е екипата на Макстил, која во директен дуел ја совлада екипата на Сани 14.

.

Машки 2006/7:

Мес. Екипа Нат. Поб. Пор. Нер. Д.Гол П.Гол Г.Раз. Бод
01. Макстил 9 8 1 0 165 65 100 24
02. Сани 14 9 8 1 0 189 80 109 24
03. Кемпа 9 7 2 0 140 72 68 21
04. Ре Медика 8 5 2 1 155 101 44 16
05. Хандбал Старс 9 4 4 1 113 120 -7 12
06. РШ Макалоски 9 2 5 2 76 139  -63 8
07. Репро 21 8 2 5 1 83 127 – 44 7
08. РЖ Институт 7 2 5 0 46 113 – 67 6
09. Рено 9 1 6 2 80 129 – 49 5
10. Бетон 9 0 8 1 42 143 – 101 1

.

Кај женските во генерација 2006/7 завршени се сите натпревари и имаме конечна табела. На фајналфор-турнирот се пласираа екипите на ЖРК Металург од Скопје, на тренерот Даниела Тасеска, и екипата на Сани 14 од Охрид, на тренерот Сани Џамтоска.

.

Женски 2006/7:

Мес. Екипа Нат. Поб. Пор. Нер. Д.Гол П.Гол Г.Раз. Бод
01. ЖРК Металург 4 4 0 0 45 15 30 12
02. Сани 14 4 3 1 0 47 29 18 9
03. Колибри 4 2 2 0 48 32 16 6
04. Хандбал Старс 4 1 3 0 26 37 – 11 3
05. Хотел Бетон 4 0 4 0 19 72 – 53 0

.

Кај машките во генерација 2008 и помлади првенството е завршено, бидејќи се одиграни сите натпревари и во оваа генерација не е предвиден фајналфор. Шампион за 2018 година е екипата на Дуферко од Скопје, на тренерот Тања Димитриоска, второто место го освои екипата на Сани 14 од Охрид, на тренерот Сани Џамтоска, додека на третото место се пласираше екипата на Репро 1 од Скопје, на тренерот Даниела Тасеска.

Честитки за сите учесници, а посебно за момчињата од трите првопласирани екипи.

.

Машки 2008 и помали:

Мес. Екипа Нат. Поб. Пор. Нер. Д.Гол П.Гол Г.Раз. Бод
01. Дуферко 6 6 0 0 138 35 103 18
02. Сани 14 6 5 1 0 86 42 44 15
03. Репро 1 6 4 2 0 72 53 19 12
04. Металург Ј. 6 2 3 1 38 68 -30 7
05. Хандбал Старс 6 1 3 2 39 63 – 24 5
06. Факом 6 1 4 1 27 73 – 46 4
07. Кадети М. 6 0 6 0 26 92 – 66 0

.

Познат е и победникот кај девојчињата во генерација 2008 и помали. Шампион во 2018 година е екипата на Хандбал Старс од Кичево, на тренерите Вања Бошковиќ и Дијана Митановска-Илијоска. Хандбал Старс собра ист број бодови со екипата Ревита од Скопје, на тренерот Тања Димитриоска, но има подобар скор во двете меѓусебни средби. Хандбал Старс загуби од Ревита со резултат 3:4, но денеска победи со резултат 8:6. За третото место ќе решава неодиграниот натпревар меѓу екипите на Маја и на Весна, а екипата на Маја има огромна предност од првата меѓусебна средба која заврши со резултат 12:1.

Честитки за сите учеснички на мини-лигата и особено за девојчињата што ги освоија првите три места.

.

Женски 2008 и помали:

Мес. Екипа Нат. Поб. Пор. Нер. Д.Гол П.Гол Г.Раз. Бод
01. Хандбал Старс 6 5 1 0 41 13 28 15
02. Ревита 6 5 1 0 51 25 26 15
03. Маја 5 1 4 0 27 32 -4 3
04. Весна 5 0 5 0 3 52 -49 0

.

Кај машките во генерација 2004/5 познат е еден учесник во фајналфорот, кој истовремено е и победник на групната фаза. Тоа е екипата на Сани 14 од Охрид на тренерот Сани Џамтоска. Вториот учесник на фајналфорот ќе го одреди неодиграниот натпревар меѓу екипите на ПГО и на РК Металург. Нивната прва средба заврши со нерешен резултат.

.

Машки 2004/5:

Мес. Екипа Нат. Поб. Пор. Нер. Д.Гол П.Гол Г.Раз. Бод
01. Сани 14 4 3 0 1 55 31 24 10
02. ПГО 3 0 1 2 33 41 -8 2
03. РК Металург 3 0 2 1 16 32 – 16 1

.

Кај девојчињата во генерација 2004/5 остана да се доигра една средба, но веќе се познати двете екипи што ќе настапат на фајналфорот. Тоа се екипата на Сани 14 од Охрид, на тренерот Сани Џамтоска, и екипата на РК Макалоски од Прилеп, на тренерот Гоце Макалоски.

.

Женски 2004/5:

Мес. Екипа Нат. Поб. Пор. Нер. Д.Гол П.Гол Г.Раз. Бод
01. Сани 14 4 4 0 0 64 14 50 12
02. РШ Макалоски 4 3 1 0 50 19 31 9
03. Н.Македонија 3 1 2 0 17 28 -11 3
04. Стоби 3 1 2 0 10 28 – 18 3
05. Хандбал Старс 4 0 4 0 10 62 – 52 0

.

Неодиграните натпревари ќе се одиграат следниот викенд.

Прочитано 301 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 9 =