ТАСЕВСКА МАРИЈА: РАКОМЕТОТ Е МОЈОТ ЖИВОТ

04.03.2012 18:38
163389_582634275096416_714116428_n_resize

Металург е еден од ретките спортски колективи кои посветуваат посебно внимание на работата со децата. Металург има цел систем на ракометни школи во кои тренираат стотици млади ракометари и ракометарки. За многу од нив ова е прв допир со спортот, за многу од нив овој прв допир ќе трае цел живот.

Еве како на ракометот гледа малата Марија Тасевска (12 години) од  нашата школа во “Автокоманда“.

Марија Тасевска: “Ракометот е мојот живот“

 

Облекуваш дрес и патики…излегуваш на паркет и ништо веќе не е важно.

Нема значење дали си добила лоша оценка на тестот или те остави дечкото.

Твојот живот е просто совршен следните 60 минути…Ракомет.

Лево раме напред…

Како би знаеле што е понижување ако никогаш не сме направиле дупла ?

Како би знаеле што е пријателство ако никогаш не сме играле тимски ?

Како би знаеле што е паника ако никогаш не сме истрчале контра ?

Како би знаеле што е верба во себе ако никогаш не сме го израмниле резултатот после 5 разлика ?

Како би знаеле што е живот ако никогаш не сме играле ракомет ?

——

Прекрасно нели ? Металург се гордее со своите деца !

Прочитано 1.722 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 9 =