ТАТРАН ЈА НАВЕДНА ГЛАВАТА

27.11.2012 22:22
DSC_8264_resize

Долго го очекувавме овој натпревар. По сѐ што доживеавме во првиот дел од првенството, кога Татран ги одби сите наши предлози и забележа победа со службен резултат (10:0), нестрпливо чекавме можност за реванш. Особено се надевавме дека ќе можеме да постигнеме победа со повеќе од 10 гола разлика. И успеавме. Победивме со + 11, само гол повеќе, колку да се знае. Уште еден одличен натпревар на нашиот тим, кој демонстрира моќ во дуелот со силниот словачки шампион.

Металург настапи со својот најсилен состав, без Ангелов, Димовски, Козлина и Алушовски. Од самиот почеток нашите ракометари покажаа дека се расположени за игра. Вугринец, Манасков и Јоновски ни овозможија почетно водство од 3:0. Татран успеа да врати и во 11. минута го израмни резултатот, 4:4, а во 13. минута го имаше и своето единствено водство, 4:5. Нашата нова серија од 3:0 ни ја врати предноста и ја навести катастрофата што ќе следува. До крајот на полувремето нашата предност се искачи до солидните + 7, 16:9.

DSC_8442_resize

Во второто полувреме продолживме со добрата и ефикасна игра. Иако Металург постепено ги повлече ракометарите од првата постава, тоа не се одрази на резултатот. Се разигра Батиновиќ, стрелец на 5 гола, а солидни партии покажаа Додер (2) и Јоновски (2). Најдолго во игра остана Наумче Мојсовски, кај кого, по долгата пауза, се чувствуваше желба за надигрување. Наумче денеска беше и нашиот најефикасен ракометар, со 7 постигнати гола.

На крајот извојувавме висока победа, со резултат 30:19. Татран го доживеа својот највисок пораз откако се натпреварува во СЕХА-лигата, а Антл веројатно не се сеќава кога последен пат постигнал само два гола на една средба.

Видовме феноменално издание на нашиот шампион, како увертира пред саботната пресметка со Шамбери.

Посебна атракција беа девојчињата од “Аква Денс клуб“, кои предизвикаа овации кај публиката.

DSC_8346_resize

РК Металург – Татран Прешов   30:19 (16:9)

РК Металург: Станиќ (13 одбрани + седмерец, учинок од 50 %), Митревски (5 одбрани), Ракчевиќ 2, Левов, Вугринец 2, Наумовски 1, Георгиевски 1, Манасков 5, Миркуловски 1, Маркоски, З.Мојсоски 1, Н.Мојсовски 7 (5/5), Додер 2, Стоилов 1, Батиновиќ 5 и Јоновски 2.      Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 6 минути.

Татран: Веркиќ (11 одбрани), Крупа, Рабек 4, Марушак, Мажар, Хрстка 2, Урбан, Крок 4, Собол, Радченко 1, Тумидалски 1, Чип 1, Гузи 1, Пејовиќ 2, Антл 2, Петро 1.        Седмерци: 1/2.       Исклучувања: 2 минути.

Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонзурек од Хрватска.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Галерија:

Прочитано 1.155 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =