ТЕКСТИЛЕЦ НЕМОЌЕН ПРОТИВ ЈУНИОР

13.04.2013 17:41
DSC_0233_resize5

za tekst

Во третото коло од плејаут-натпреварите во македонското првенство екипата на Металург Јуниор високо го порази штипски Текстилец, со резултат 33:23 (15:9).

Видовме еден од подобрите натпревари на нашата млада екипа, која победата ја најави на самиот почеток, кога поведе со 9:1. Посебен ден имаа нашите голмани, кои заедно собраа 24 одбрани.

По почетното водство од 9:1, беше јасно дека Текстилец ќе замине со полна мрежа голови. Својот втор гол гостите го постигнаа дури во 16. минута, а до крајот од првиот дел резултатската разлика се движеше меѓу шест и осум голови. На полувреме екипите заминаа при резултат 15:9.

Во вториот дел продолживме со добрата реализација на нападите, а максимална предност имавме во 47. минута, +12, 30:18.

Интересен е фактот дека сите пријавени ракометари на Металург Јуниор (освен голманите) се запишаа во листата на стрелците, а најпрецизен меѓу нив беше Бојан Маџовски, со пет постигнати гола.

Првото полувреме од средбата го гледаше и новиот селектор на сениорската репрезентација на Македонија, Ивица Обрван.

РК Металург Јуниор – РК Текстилец  33:23 (15:9)

РК Металург Јуниор: Кимевски (12 одбрани + 3 седмерци), Ивановски (9 одбрани), Бошковски 1, Пешевски 2, Крстевски 2, Манасков 3, Матијашиќ 2, Велковски 3, Маркудов 1, Палевски 2, Талески 2, Бој.Маџовски 5, Давитковски 1, Стојановски 1, Борј.Маџовски 4 и Костески 4.       Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 8 минути.

РК Текстилец: Атанасов, Стојановски 4, Мицев 1, Наков 2, Митков, Поповски 1, Савов 3, Пешовски, Јовановски 5, Ангелов 2, Зафиров, Попов 2, Сарашов 1, Паневски и Бошковски 1.     Седмерци: 1/5.       Исклучувања: 10 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Металари Исмаил од Скопје.

Делегат: Начевски Ристо од Скопје.

Прочитано 697 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =