Тео Чориќ: Се надевам дека со моето искуство ќе му помогнам на Металург

16.02.2019 15:45
_DSC0007_resize

Специјалистот за одбрана Тео Чориќ денеска е претставен во Металург.

Чориќ, кој во својата кариера настапувал за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, последните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

Договорот со Чориќ е потпишан со важност од 1,5 година, а неговиот дебитански настап е денеска, против екипата на Тинекс Пролет.

Задоволен сум од својот трансфер во Металург, бидејќи се работи за екипа со големо меѓународно реноме и традиција. Се надевам дека со моето искуство ќе му помогнам на Металург во борбата за една од првите две позиции во националното првенство, позиции кои обезбедуваат настап во СЕХА-лигата и во една од посилните европски лиги“, кратко ни изјави Чориќ.

Прочитано 444 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 5 =