Тешка група за Македонија

06.05.2021 18:03
team-mkd-938x535

Македонската ракометна репрезентација немаше многу среќа на денешното извлекување на групите за ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка.

Македонија по шести пат во низа ќе се натпреварува со најдобрите од Европа и тоа во групата “А“, заедно со Данска, Словенија и Црна Гора.

Група А (Дебрецен): Словенија, Данска, Македонија и Црна Гора
Група Б (Будимпешта): Унгарија, Португалија, Исланд и Холандија
Група Ц (Сегед): Хрватска, Србија, Франција и Украина
Група Д (Братислава): Германија, Австрија, Белорусија и Полска
Група Е (Братислава): Чешка, Шпанија, Шведска и БиХ
Група Ф (Кошице): Словачка, Норвешка, Русија и Литванија

Пласман во главната фаза на ЕП ќе обезбедат прво и второпласираните селекции од сите шест групи. Најдобрите шест од групите А, Б и Ц ќе играат во Будимпешта, каде ќе се одржи и завршницата од овој собир. а најдобрите шест од групите Д, Е и Ф ќе играат во Братислава.

Титулата ја брани селекцијата на Шпанија. ЕП 2022 ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.

Прочитано 173 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 7 =