ТЕШКА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ 2 ВО МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ

23.11.2014 19:47
_DSC0297_resize

za tekst

Металург 2 вчера неочекувано тешко ја совлада екипата на Работнички, во меч кој беше неизвесен до самиот крај. Нашите ракометари победија со резултат 28:27 (14:16), но не задоволија со својата игра, бидејки го одиграа својот веројатно најлош натпревар во тековната сезона. Тоа особено се однесува на нашиот напад, кој, рака на срце, беше хендикепиран со повредите на Давитковски, Крстевски и на Бојан Маџовски. Последните двајца беа во составот, но со мал придонес во играта.

Почетокот на средбата му припадна на Металург, кој одржуваше водство во првите дваесетина минути. Преломна беше противничката серија од 5:0, која нашето водство од 9:7 го претвори во негатива од три гола, 9:12, во 23. минута. Најголема разлика Работнички имаше во 27. минута, кога водеше со резултат 15:11. Полувремето заврши со резултат 16:14 за Работнички.

Жестока битка се водеше и во вториот дел од средбата. Во 33. минута Металург израмни на 17:17, но не успеа целосно да го преокрене резултатот. Мораа да поминат уште 12 минути за да го вратиме водството во свој посед. Тоа се случи во 45. минута, кога поведовме со резултат 23:22. Кога се очекуваше дека конечно ќе го скршиме отпорот на вчера жилавиот тим на Работнички, дојде нов лош период во играта на нашиот тим и нова серија на Работнички, овој пат од 4:0, за 23:26.

Најдраматични беа последните две минути од средбата во кои двете екипи влегоа со идентични 27 гола. Во 59. минута Металург поведе преку седмерец што го изведе Мартин Велковски, а потоа цела минута се браневме од обидите на Работнички.

Металург 2 заслужено победи, но не ќе беше незаслужено ако победеше и Работнички.

Металург 2 – Работнички  28:27 (14:16)

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски, Бешлиевски, Борј.Маџовски 6, Костески 5, Гроздановски, Манасков 5, Велковски 6, Маркудов 2, Матијашиќ, Бој.Маџовски, Крстевски и Палевски 4.       Седмерци: 7/9.     Исклучувања: 4 минути.

Работнички: Трајковски, Ѓуроски 6, Нацев 1, Стефановски 2, Василевски 3, Капиданчев 2, Петрушевски 5, Димовски 1, Мачавелов 2, Јанкуловски, Петковски 5, Спасовски, Долевски, Калановски и Ѓорѓиески.       Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 16 минути.       Црвени картони: Стефановски (3х2 мин.) во 54 минута, Димовски (груб фаул) во 59 минута и за членот на стручниот штаб, Милошевски (приговор) во 59 минута.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Најденовски Миле од Скопје.

 

Прочитано 1.152 пати

(2) Коментари

  1. Definitivno najlos natprevar na Metalurg 2 ovaa sezona.Edinstveni svetli tocki vo timot bea Martin Velkovski i Nikola Danilovski.

    • mnogu sakam da igram rakomet i sakam sa bidam del od vas

Напишете коментар


6 − 6 =