ТЕШКА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ВО ЦЕТИЊЕ

29.02.2012 00:44
DSC_0170_resize

Металург извојува многу тешка победа во Цетиње. Резултатот е 21:20, а на полувреме губевме со 11:9.

Нашата победа е извојувана во последната секунда. При нерешен резултат Лино Червар го повлече голманот и играше со маркер. Победоносниот гол го постигна Филип Миркуловски.

Овој резултат не зачудува ако се знае дека игравме без неколку ракометари а и од тие со кои располагавме на натпреварот не настапи Станиќ, а Марковиќ играше се на се 20 минути после што доби удар и го повлекоа. Аце Јоновски ја свитка ногата и не настапи во второто полувреме итн.

РК Ловќен – РК Металург  20:21 (11:9)

РК Ловќен: Липовина (4 одбрани), Симиќ (8 одбрани), Липовина, Јоветиќ 2, Калуџеровиќ, И.Марковиќ 5, Ф.Поповиќ, Пејовиќ, Драшковиќ 6, Радовиќ 2, М.Поповиќ, Латковиќ, Перишиќ 3, Ласица 1, Грбовиќ 1, Н.Марковиќ.

РК Металург: Станиќ, Ангелов (15 одбрани), Митревски, Димовски 1, Марковиќ 4, Наумовски 2, Георгиевски 1, Манасков 2, Миркуловски 4, Маркоски 1, З.Мојсоски 1, Стоилов 3, Јоновски 2, Стојчевски, Маџовски, Алушовски.

Прочитано 1.742 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 2