ТЕСНА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО КУМАНОВО

06.10.2013 17:18
DSC_0341_resize

za tekst

Во четвртото коло од првенството на Македонија Металург Јуниор дојде до својата четврта победа. Потешко од очекуваното, совладана е екипата на Куманово во Куманово, со резултат 33:32 (15:15).

Иако не се гледа од резултатот Металург Јуниор постојано ја имаше контролата врз натпреварот. Рано поведовме со 3:1, за понатаму да дојдеме и до највисоката предност на средбата, +5 (11:6). Со истата разлика влеговме во последната третина од првиот дел, 15:10, а потоа домаќинот направи зачудувачка серија од 5:0 за израмнување, 15:15, со кој резултат екипите заминаа на одмор.

Во второто полувреме го видовме и единственото водство на домашната екипа, 18:19, кое траеше кратко, бидејки наскоро Јуниор повторно создаде солидна предност, 23:20 и 26:22. Екипата на Куманово покажа висок морал и успеа по вторпат да се врати во игра, со серија од 4:0, за 26:26. Од тој момент, па се до крајот на средбата, се играше гол за гол. Последниот напад го имаше Јуниор, кој на пет секунди до крајот одигра комбинација по која Илија Крстевски постигна гол во последната секунда, 33:32.

Мартин Манасков стана најдобар стрелец на средбата, со постигнати 12 гола.

РК Куманово – РК Металург Јуниор  32:33 (15:15)

РК Металург Јуниор: Ивановски, Блажевски, Бошковски, Бешлиевски, Пешевски 2, Маџовски 3, Костески 4, И.Крстевски 4, Манасков 12, Маркудов, Ставридис, Талески 7, Давитковски, Матијашиќ 1, Палевски и Г.Крстевски.

Седмерци: 3/4.

Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 1.075 пати

(1) Коментар

  1. Pa normalno deka ke se pomini po tesko od ocekuvanoto koga zvezdite koj imaat potpisano za prviot tim ne davaat se od sebe pa se cuvaat za vo SEHA liga ako eventualno dobijat sansa da vlezat . A i ako podpisaa so prviot tim i primaat plata za toa ,neznaci deka obvrskite vo Junior se pomalku vazni i znacajni .
    Momci bez razlika dali ste podpisale dogovor so prv tim treba da bidete profesionalni i maksimalno da si gi izvrsuvate zadacite bez razlika dali igrate vo Junior ili vo prviot tim. Koga ke go svatite toa ke stanite pravi pofesionalci i ke imate uspeh .
    Pozdrav i uspeh ponatamu .

Напишете коментар


4 + = 5