ТИНЕКС ПРОЛЕТ ГИ ОСТАВИ БОДОВИТЕ ВО АВТОКОМАНДА

11.10.2014 16:35
_DSC0144_resize

za tekst

Во 4-тото коло на македонската Суперлига, Металург 2 високо го совлада тимот на Тинекс Пролет, со резултат 27:20 (12:8).

Екипата на Пролет ги искористи своите први напади за водство од 0:1 и 1:2, а потоа на теренот постоеше само тимот на Металург 2. Веќе во 11. минута водевме со 7:2 и уште тогаш дадовме на знаење дека победата е наш императив. Полувремето заврши со резултат 12:8.

Првата половина од второто полувреме ја одигравме маестрално. Реализиравме серија од 9:1, за највисоко водство од + 12, 21:9. Се чинеше дека Пролет е пред катастрофа, но високото водство ја намали нашата концентрација, па противникот успеа да ја намали нашата предност до конечни + 7, 27:20.

Се на се, одлична претстава на нашиот тим во чии редови блескаа Костески, со ефект 7/7, и Блажевски, со 10 одбрани, меѓу кои и два седмерци.

Металург 2 – Тинекс Пролет  27:20 (12:8)

Металург 2: Блажевски (8 одбрани + 2 седмерци), Даниловски (6 одбрани + 1 седмерец), Ставридис 1/3, Бој.Маџовски 3/5, Костески 7/7, Матијашиќ 1/1, Манасков 4/5, Борј.Маџовски 5/7, Крстевски 1/2, Давитковски 2/3, Велковски 1/2, Палевски 1/3, Маркудов 1/2, Бешлиевски, Гроздановски и Бошковски.     Седмерци: 2/2.      Исклучувања: 12 минути.

Тинекс Пролет: Кристо, Велков, Огњановски 1, Николовски, Мајнов 1, Ролевски 5, Јовановски 5, Коруновски, Апостоловски 1, Андоновски 3, Кимевски, Димковски 2, Љубевски, Крстевски, Ичокаев 1 и Стојановски 1.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Николовски Ацо од Скопје.

Прочитано 1.025 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 14