Тинекс Пролет лесен плен за разиграниот Металург

27.11.2019 22:43
DAR_9543_resize

Во Автокоманда вечерва се одигра одложениот натпревар од 12. коло на македонската Суперлига во кој се сретнаа екипите на Металург и на Тинекс Пролет. Иако средбата важеше за дерби на колото, на теренот видовме доминантна игра на Металург, кој лесно се справи со својот денешен противник.

Ракометарите на Металург одиграа одличен натпревар во кој ја покажаа сета своја моќ. Одиграа онака како што од нив бара нашиот тренер Кастратовиќ – максимално дисциплинирано и посветено во текот на сите 60 минути. Одигравме “гранитно“ во одбраната и сосема коректно во нападот.

Противникот сигурно не очекувал ваква игра на Металург и веројатно негувал надеж за добар резултат, но беше целосно разбиен уште во првото полувреме кое заврши со наша предност од девет голови, 20:11.

Во вториот дел водевме и со 11 голови разлика, но на крајот малку се опуштивме и средбата ја добивме со предност од само осум голови.

Со оваа победа Металург повторно се врати таму каде што и му е местото – на врвот на првенствената табела. Во следното коло ќе бидеме дел од уште едно дерби – ќе и гостуваме на екипата на Бутел Скопје.

.

РК Металург – РК Тинекс Пролет  36:28 (20:11)

РК Металург: Дупјачанец 1, Ѓорѓески, Кондев 2, Поповиќ 10, Шилегов 4, Танкоски 1, Мариќ 2, Серафимов 7, Лазаревски 5, Младеновиќ 1, Вујовиќ, Чантурија 2, Кбилашвили 1, Додиќ, Маркоски, Арсеновски.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 12 мин.

РК Тинекс Пролет: Кизиќ, Кристо 1, Коруновски, Василевски 1, Аларов 5, Поповски, Давитковски, Манев, Јовановски, Гроздановски 1, Андоновски 6, Џонов 9, Мајнов 3, Гичев 2, Стојановски, Игнов.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 10 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 121 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 6 =