Топ Вести

Тони Ристески: Задоволни и среќни сме од успешната реализација на 13-от летен камп на Ракометна Академија Металург

23.06.2018 10:12
28-11

Заврши 13-то издание на летниот камп на Ракометната академија Металург, кој годинава се реализира на бреговите на Охридско Езеро, поточно во хотелот „Галеб“ во Струга. Околу 150 деца од Скопје, Прилеп, Кавадарци и од Виница тренираа, уживаа, се капеа и се забавуваа на најстариот летен ракометен камп во државава.

Задоволни сме и среќни што успешно се реализира 13-то издание на летниот камп на Ракометната академија Металург. Кампот помина во одлична работна атмосфера, за што најпрво сакам да ги пофалам децата, за посветената работа и дисциплината за време на кампот, а исто така и тренерите за нивното залагање, одговорност и посветеност, со која работеа на тренинзите и надвор од нив“, истакна директорот на Ракометната академија Металург, Тони Ристески.

Прочитано 217 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5