ТРАЈЧЕВСКИ ЗОРАН-СТАМПИ И МАНЕВСКИ ЃОРГИ-МАНЏУК

04.12.2011 23:02
123

Манџукот и Стампи, се ракометари од 80-те години. Кој ги познавал, знае дека тоа се луѓе кои на свој начин создаваа историја. И двајцата се од Железара, и двајцата беа толку храбри што без страв можеа да влезат и во кафез со лавови. Во времето за кое зборуваме, ракометот бил малку поинаков. Кога се одеше на гостински терен, домакинот едноставно морал да победи, ретко со знаење, многу често со сила. Физичките пресметки беа дел од фолклорот, и тешко на тие екипи кои имаа зајачки срца. Металург такви проблеми немал. Манџукот, Чокре и Стампи, лесно ги решаваа сите можни недоразбирања.

Манџукот играше на пикерска позиција. Во Металург е од 1978 година, и игра се до 1989-та кога заминува во Австралија. Стампи, како десен бек, воглавно беше резерва на Проданов. Во Металург е од 1981 година. Стампи, настапува се до 1987 година кога, прв, заминува во Австралија.

Прочитано 255 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 14