Топ Вести

ТРАНСФЕРИ: ПРОМЕНИ ВО КИЕЛЦЕ, ГОРЕЊЕ И ВО ЗАГРЕБ

12.02.2013 14:34
Transfer_resize

Голманот на Киелце, Маркус Клеверли, го раскина својот договор со клубот во кој помина три сезони. Клеверли падна длабоко во сенката на Лосерт и го загуби и местото на втор голман во екипата. До крајот на сезоната тој ќе настапува во шведскиот клуб Лунд Луги.

Тимот на Горење од Велење продолжува со својата реконструкција. Во новата сезона нема да има место за искусниот пикер Дино Бајрам (29), кој брзо се снајде и потпиша двегодишен договор со швајцарскиот лигаш Винтертур.

Бојан Скоко повеќе не е член на екипата на Загреб. Така се договорија двете страни, а за неговата следна дестинација се знае само тоа дека ќе биде надвор од просторите на Балканот.

Прочитано 1.042 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 15