ТРЕНЕРСКИ ЛЕГЕНДИ: ЛИНО ЧЕРВАР

01.05.2012 23:29
cervar_lino_resize

Тренерот на Металург,  Лино Червар, е роден во Деличи (Хрватска) на 22 септември 1950 година. Бивш е долгогодишен селектор на хрватската репрезентација, тренер на КО Загреб, пратеник во хрватскиот Сабор и моментално тренер на РК Металург.

Хрватската репрезентација од последна на ЕП во 2002 година, со доаѓањето на Червар на нејзино чело, за неполни две години, станува светски шампион и олимписки победник.

Лино Червар  во 1971 година дипломираше на Педагошка академија во Пула каде студираше хрватски јазик и литература.

Својата тренерска кариера ја започна во РК Трико од Новиград, во 1974 година. Во 1980 година е тренер на петтолигашот РК Истратурист од Умаг кој за само пет сезони го промовира во нов член на Првата Сојузна лига на Југославија.

Од 1991 година е тренер на Клагенфурт, Австрија. Од 1994 до 2000 година е селектор на репрезентацијата на Италија и директор на сите италијански ракометни селекции. Во 1998 година, во Италија, ја објавува својата книга “Моето гледање на ракометот“.

Од 2000 година е тренер на Бадел 1862 (Загреб), а од 2002 година е избран за селектор на хрватската сениорска репрезентација, а паралелно е тренер и на РК Папилон Конверзано.

Од 2004 година е повторно тренер на РК КО Загреб.

На 29 јули се повлекува од функцијата селектор на хрватската репрезентација.

Червар е двоен добитник на наградата за спорт “Фрањо Бучар“, во 2003 и 2004 година.

Добитник е на бројни признанија во нашата земја.

Беше и пратеник во петтиот состав на Хрватскиот парламент (2003-2007).

Веќе трета година е тренер на РК Металург со кој освои две првенства и два купа и се пласира во Топ 16 во Лига на шампиони. На пат е повторно да ги освои двете титули во македонскиот ракомет.

Еве ја хронологијата на неговите ракометни успеси:

  • 1991. Член на стручниот штаб на првата официјална средба на Хрватска, против Јапонија
  • 1997. Победа на селекцијата на Италија на квалификации за СП во Јапонија и прв настап на Италија на СП
  • 1997. Сребрен медал со репрезентацијата на Италија на Медитеранските игри
  • 1998. Прво учество на Италија на едно ЕП
  • 2001. Шампион на Хрватска со РК Бадел 1862 (Загреб)
  • 2003. Златен медал на СП во Португалија
  • 2003. Освојувач на Купот на Италија со РК Папилон Конверсано
  • 2003. Шампион на Италија со РК Папилон Конверсано
  • 2004. Четврто место со селекцијата на Хрватска на ЕП во Словенија
  • 2004., 2005., 2006., 2007., 2008. и 2009. Шампион на Хрватска и освојувач на купот со РК Загреб
  • 2004. Олимписки шампион со хрватска репрезентација на ОИ во Атина
  • 2005. Сребрена медала на СП во Тунис, финалист на ЕХФ Купот на Победници на Купови
  • 2006. Четврто место на ЕП во Швајцарија
  • 2007. Петто место на СП во Германија, со само еден пораз во четвртфинале и дури девет победи
  • 2008. Сребрен медал на ЕП во Норвешка
  • 2008. Четврто место на ОИ во Пекинг
  • 2009. Сребрен медал на СП во Хрватска, победник на Купот на Македонија со Металург
  • 2010. Сребрен медал на ЕП во Австрија, шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија
  • 2011. Шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија со Металург
Прочитано 510 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 9 =