ТРЕТ ЕДНОПОДРУГО ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ВО СЕХА-ЛИГАТА

01.03.2014 21:15
MJI_4915_resize

za tekst

Продолжува лошата серија на Металург во Регионалната лига. Овој пат загубивме од фенерџијата во лигата, екипата на Партизан. Навистина не се памети кога Металург имал три врзани порази во било која конкуренција, особено не против тимови кои по квалитет далеку заостануваат зад нашата екипа. Со овој пораз, нашето учество во фајналфорот на лигата е уште во доменот на теоријата, бидејки, покрај тоа што треба да ги добиеме последните три средби, мораме да чекаме и дополнителни киксеви на Вардар или на Брест Мешков.

Првото полувреме не навестуваше дека на оваа средба може да се случи изненадување. Металург постојано го контролираше резултатот и имаше постојана и солидна предност од неколку гола. На одмор екипите заминаа при резултат 15:10 за нашиот тим.

Второто полувреме е веројатно нашето најлошо одиграно полувреме во оваа сезона. Многу брзо прокоцкавме предност од пет гола, а, згора на се, успеавме да ја изгубиме и средбата. Повредите на Циндриќ и на Миркуловски не ставија во ситуација да немаме вистински организатор во нападот, а тоа пак резултираше со безидејни напади и голем број на технички грешки направени од ракометари што имаа мала минутажа во досегашниот тек на сезоната. На жалост, поедини ракометари не ги користат шансите што им ги дава тренерот Червар.

Очигледно е дека Металург со мислите е во осминафиналето на Лигата на шампионите, но, оправдување нема, доживеавме понижувачки пораз од екипа која пред натпреварот имаше само три освоени бода. Меѓутоа, полош од поразот е фактот дека се повредија Миркуловски и Циндриќ, во која мера – во овој момент немаме информација. Тоа би било навистина кобно пред средбите со Колдинг во осминафиналето на Лигата на шампионите, натпреварување каде играме со максимална концентрација и, очигледно, посериозно отколку во СЕХА-лигата.

Партизан – Металург  23:22 (10:15)

Партизан: Мих.Радовановиќ (8 одбрани + 2 седмерци), Радовиќ, Илиќ 1, Јовановиќ 1, Сретеновиќ, Вуковиќ 1, Мил.Радовановиќ, Матичиќ, А.Радовановиќ 6, Костадиновиќ 5, Беочанин, Рашиќ, Маркичевиќ 4, Марсениќ 3 и Мандиќ.    Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 6 мин.    Технички грешки: 9.

Металург: Станиќ (5 одбрани + седмерец), Митревски (4 одбрани), Мијатовиќ (1 одбрана), Ојлески 3, Димовски 1, Пецаковски 4, Георгиевски 2, Манасков 2, Миркуловски 7, В.Маркоски, Н.Маркоски, Циндриќ, Кеџо 3, Јоновски и Мандиќ.    Седмерци: 4/6.       Исклучувања:  6 минути.       Технички грешки: 9.

Судии: Иван Павичевиќ и Милош Ражњатовиќ од Црна Гора.

Прочитано 1.964 пати

(4) Коментари

  1. Ocigledno ovoj pat ne bese do sudiite, a da bideme iskreni sudite sudea protiv nas i so Barselona pa gi pobedivme. Ako se izgubeni ambiciite za SEHA ligata zasto togas ne igraat mladite na Metalurg? Sekoja cest za Mirkulovski kako i sekogas najsovesno si ja izvrsuva zadacata. A sto e so Kedzo I Mandic pa i Mijatovic ni za vo SEHA ne gi biva, takvi stranci ne se za vo Metalurg koj e gordost na makedonskiot rakomet. Vi posakuvam se najdobro vo idnina i sakam makedonskata javnost da uzivam vo uste mnogu vasi pobedi. Sekogas ke bideme so Vas i vo pobeda i vo poraz.

  2. Mitrevski e podobar od Mijatovic. Kedzo i Mandic ne se za vo Metalurg ne gi biva ni proti najslabiod vo Seha ligata. Damir Batnovic trebashe da se zadarzi za Seha liga, a sopikerot Rakcevic kako back up za Dimovski i Zarko Markovic kako back up za Vugrinec imali bi ekipa za F4 CL.

  3. nie ke gi bodrime i vo pobeda i poraz ne moze se da bide kako sto si zamisluvame , so ogled na toa sto ne igraa mirkulovski i cindric mozevme i podobro no toa e :)

  4. Pricinata za porazite spored mene lezat vo golemiot broj povredeni igraci i tenkata klupa.
    Za slednata sezona Metalurg prioritetno mora da gi zasili poziciite golman, kvaliteten lev bek i piker so kvalitetni igraci.
    So celata pocit kon Stanic covekot cela sezona ja igra kako pocetnik, a ne kako vrven golman. Sepak eden seriozen tim mora da ima golman koj na sekoja utakmica dava maksimum. So 4-5 odbrani na utakmica Stanic e mnogu daleku od ona sto bese minatata sezona. Mitrevski e daleku od kvalitetot za prv golman na Metalurg, a Mijatovic e mozebi ponekvaliteten golman i od Mitrevski.
    Pikerskata pozicija e isto taka bolna tocka. Bate Vane veke si gi ima godinite i iako se gleda deka gine na teren realno e deka ova mu e mozebi i posledna sezona. Markovski se pokaza kako golemo promasuvanje i barem mene totalno me razocara.
    Fakt e deka lev bek vo napagacka formacija nemame, i site impovizacii koi gi pravi Lino davaat rezultat, megutoa kvaliteten suter na taa pozicija koj bi daval 4-5 gola na natprevar i bi ri rasteretil sredinata i desnata strana smetam deka barem za 30% ke go podigne kvalitetot na igrata vo napadot. Dali Nelovski ili Madzovski ili nekoj tret smetam deka i ovaa poziciija e prioritet.
    Bi bilo dobro Renato Makedonski da se zadrzi i slednata sezona, covekot igra seuste vo vrvna forma, i mislam deka Kedzo treba da dobiva se pogolema sansa barem vo odbranata.
    Krilata se solidni so toa sto licno smetam deka Manaskov se uste ima nekoi nerascisteni smetki samiot so sebe, i ke mora malku poveke da raboti …

    I za kraj … odime vo Keln!!!

Напишете коментар


8 − = 1