Трето коло и трета победа на кадетите на Металург

16.10.2019 22:56
DAR_3562_resize

Во третото коло на кадетската лига, група 2, кадетите на Металург гостиваа кај екипата на Ангели Вардар Волково. Во интересен и тесен натпревар победата им припадна на нашите кадети, кои славеа со резултат 31:28 (16:14).

И покрај тесниот резултат во текот на натпреварот, токму нашите кадети ја имаа резултатската контрола и водството во текот на целата средба. Нашата најголема предност ја имавме во вториот дел и изнесуваше 5 гола, 26:31.

По третото коло, нашите кадети имаат максимални 6 бода, исто колку и екипата на КЛ-7.

Во следното коло во Автокоманда ќе ни гостува екипата на Куманово.

.

РК Ангели Вардар Волково – РК Металург  28:31 (14:16)

РК Ангели Вардар Волково: Димовски, Димоски 2, Костоски 4, Нелоски 5, Марковиќ 9, Трпевски 1, Дејанов, Јовески, Христов 9, Здравковски, Грујоски и Станковски.   Седмерци: 3/3.  Исклучувања: 8 мин.

РК Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 2, Андоновски 4, Крстев, Николоски, Петровски 1, Ташевски, Вељановски 3, Петковски 9, Мелоски 2, Николов 6, Шкријељ 1, Андревски 1, Стојковиќ 2 и Тодески.   Седмерци: 3/3.  Исклучувања: 6 мин.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Бајрам Денис од Скопје.

Прочитано 305 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 10