Тројца млади ракометари на Металург префрлени во првиот тим

07.06.2020 20:10
teo-e1591528955579_resize

Металург продолжува со својата долгогодишна традиција и во новата сезона во првиот тим префрли тројца ракометари од младинскиот погон.

Се работи за левото крило Дарио Кофилоски (2000), пикерот Андреј Митиќ (2000) и за левиот бек Теодор Тодески (2002). Првите двајца имаат суперлигашко искуство, бидејќи до вчера беа дел од Металург 2, додека Тодески доаѓа од нашиот кадетски тим и ова ќе биде негово деби во најсилната македонска ракометна лига во дресот на Металург.

Металург досега се засили со Бранко Канкараш, Никола Потиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват, ги продолжи договорите со голманот Даниел Дупјачанец, со пикерот Милан Лазаревски и со левото крило Милан Поповиќ, ги задржа Мартин Серафимов, Иракли Кбилашвили, Маријан Мариќ, Даниел Ѓорѓески, Лука Вујовиќ, Дарко Кондев, Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ, а денеска ги вклопи и младите Дарио Кофилоски, Андреј Митиќ и Теодор Тодески.

Прочитано 727 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 7 =