Тројца ракометари на Металург на СП во Германија и во Данска

09.01.2019 00:48
trening5-610x348

Селекторот Раул Гонзалез реши кои 18 ракометари утре ќе бидат во авионот за Минхен. По последниот тренинг Гонзалез реши во Скопје да останат Мартин Томовски и Димитар Димитриоски. Димитриоски важеше за сигурен патник на СП, но имаше несреќа да се повреди на самиот крај на последниот тренинг, а мислењето на лекарскиот тим е дека тој ќе мора да мирува во следните десетина дена, односно ќе мора да ја пропушти групната фаза, па на Гонзалез не му преостана ништо друго сем утре да отпатува со само Дејан Манасков на левокрилната позиција. Ова е навистина големо разочарување за младиот Димитриоски, кој сигурно ќе имаше добра минутажа на СП.

Меѓу 18-те ракометари кои ги носи македонскиот селектор се и тројца млади ракометари на Металург: Марио Танкоски, Мартин Серафимов и Милан Лазаревски. Конечната бројка која ќе ја пријави Гонзалез е 16, така да преостанатите двајца ќе бидат резерви. Да потсетиме, во текот на СП селекторот ќе има право на максимум три замени во својот пријавен состав.

Со селекторот Гонзалез ќе отпатуваат: Ристовски Борко, Митревски Никола, Манасков Дејан, Георгиевски Гоце, Поповски Мартин, Лазаров Филип, Талески Филип, Серафимов Мартин, Марковски Велко, Даскаловски Златко, Лазаров Кирил, Крстевски Горан, Стоилов Стојанче, Пешевски Жарко, Кузмановски Филип, Танкоски Марио, Чурлевски Филип и Лазаревски Милан.

Македонската репрезентација за Германија ќе отпатува утре наутро.

Прочитано 581 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 14