Турнир “КЛ7 2020“: Кадетите на Металург го прегазија Пик Сегед

26.01.2020 14:47
83309569_2523412071100802_6084068066684043264_n

Заврши меѓународниот турнир “КЛ7 2020“ и за нашите кадети.

Во својот последен натпревар кадетскиот тим на Металург го прегази противникот од Унгарија, Пик Сегед, победувајќи го со резултат 35:25 (19:14).

Од самиот почеток се виде дека гостите од Унгарија не ќе можат да се носат со Металург. Поведовме со 4:0, а потоа и лесно ја одржавме разликата, па на полувреме беше 19:14.

Во второто полувреме целосно го надигравме противникот. Разликата брзо стана двоцифрена и стигна до максималните +12. Конечниот резултат е 35:25.

Кадетскиот тим на Металург на крајот го  освои второто место на турнирот, зад тимот на КЛ7, а пред Пик Сегед и Еурофарм Пелистер.

.

Металург – Пик Сегед  35:25 (19:14)

Металург: Стојчевски, Димевски 6, Андовски 3, Крстев, Николовски 3, Ташевски 2, Петковски 2, Брестовац, Мелоски 5, Николов 3, Шкриељ, Андревски 2, Прентовски 1, Тодески 4, Додиќ 4 и Мијатовиќ.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 10 минути.

Пик Сегед: Ковач, Цзики 1, Тусјак 3, Фараго, Јаковљевиќ, Балж 2, Војнар, Бјецзок, Чокаш 7, Хегедуш, Попити, Факете 2, Часар, Будаи 7, Балаш 3 и  Гаргиан.    Седмерци: 1/4.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 419 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =