Турнир “КЛ7 2020“: Кадетите на Металург по голема борба се поразени од КЛ7

24.01.2020 21:07
83666580_1834398433360429_6973121787240382464_n_resize

На првиот натпревар на нашиот кадетски тим на меѓународниот турнир “КЛ7 2020“, кадетскиот тим на Металург е минимално поразен од домаќинот на турнирот.

Двете екипи одиграа цврст натпревар кој долго време резултатски го контролиравме, но го загубивме во лошата завршница во која дозволивме противникот да ни направи серија од  6:0.

Металург го доби првото полувреме, а имаше предност и во дел од второто. Се беше добро до моментот кога водевме со резултат 26:25, а потоа дојде до криза кај нашиот тим, која противникот ја искористи и поведе со 31:26. Металург немаше сили да се врати од волкавата негатива и ја загуби средбата со резултат 31:33.

.

КЛ7 – Металург  33:31 (17.20)

КЛ7: Галевски, Костовски, Трајковски, Крстевски 3, Милинков, Христоски, Василев 5, Ермановски, Илиевски 1, Павлов, Димовски 9, Мишевски 1, Ѓорговски 12, Јорданов, Мирчевски 1 и Буровски.   Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 8 минути.

Металург: Стојчевски, Димевски 5, Андовски 1, Крстев, Николовски, Ташевски  2, Петковски 3, Брестовац, Мелоски 7, Николов 4, Шкријељ, Андревски 1, Прентовски 4, Тодески 2, Додиќ 2 и Мијатовиќ.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 16 минути.

 

Прочитано 281 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 11