Турнир “КЛ7 2020“: Кадетите на Металург подобри од Еурофарм Пелистер

25.01.2020 19:21
83150957_176918583680141_4364792971627855872_o_resize

Во второто коло на Меѓународниот турнир “КЛ7 2020“, кадетите на Металург ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер, со резултат 31:35 (17:14).

Двете екипи одиграа добар натпревар во кој на почетокот Еурофарм Пелистер имаше резултатска предност. Металург знаеше да ја намали негативата, но на полувреме битолчани заминаа со позитива од три гола.

Во вториот дел се си дојде на свое место. Металург го засили темпото и во еден момент направи серија од 6:0, за веќе убеливи 18:23. Својата предност нашите ракометари не ја испуштија до самиот крај.

До крајот на турнирот нашите кадети имаат уште една средба, а наш противник ќе биде кадетскиот тим на Пик Сегед.

.

Еурофарм Пелистер – Металург 31:35 (17:14)

Еурофарм Пелистер: Бардаковски, Јовановски, Југовски 6, Гуцевски, Митревски 13, Марковски 3, Вардовски 3, Најдовски, Трсунов, Недановски, Ристевски, Анчевски, Петковски 3, Мемеди 1, Дамчевски и Ризовски 2.   Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 минути.

Металург: Стојчевски, Димевски 3, Андовски, Крстев 3, Николовски 5, Ташевски 3, Петковски 2, Брестовац, Мелоски 2, Николов 6, Шкријељ, Андревски 3, Прентовски, Тодески 7, Додиќ 1 и Мијатовиќ.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 280 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 8