Турнир “КЛ7 2020“ Пионерите на Металург го надиграа Пик Сегед и го освоија турнирот

26.01.2020 14:00
83374610_170379077560182_8882368654507769856_n_resize

Пионерите на Металург победнички го завршија настапот на меѓународниот турнир “КЛ7 2020“.

Во последниот натпревар совладана е екипата на Пик Сегед, со резултат 33:30 (16:14).

Металург беше подобар во текот на целата средба. Во првиот дел уште и се играше рамноправно, па го добивме со 16:14. Затоа, пак, целосно го надигравме противникот во второто полувреме. Имавме постојана и висока предност, која во еден момент достигна и седум голови разлика.

Откако беше јасно дека го добивме натпреварот, дојде до видливо опуштање кај нашите ракометари, што противникот го искористи и дојде до пристоен пораз.

Пионерите на Металург се победници на турнирот, пред КЛ7, Вардар и Пик Сегед.

.

Металург – Пик Сегед  33:30 (16:14)

Металург: Ангеловски, Субашевски 4, Петровиќ, Тотиќ 4, Дамовски, Стефков 6, Гилев 3, Стојановски 6, Ангелески 1, Димковски 2, Јазаџиев 1, Талески, Стојаноски 5, Насевски 1, Георгиевски и Николовски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Пик Сегед: Бозо, Дјерки, Наѓ, Хабуцки 6, Силаѓи, Гаспар, Темешвари, Хавринчак 1, Лосонц 3, Баци, Секереш 4, Баца, Моноки 3, Гласа 1, Мурати 1, Наѓ 4 и Косо 4.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 382 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 9