Турнир “КЛ7 2020“: Пионерите на Металург го совладаа тимот на КЛ7

24.01.2020 22:09
82925481_173597727072453_6104495261856301056_n

Пионерите на Металург со победа го завршија првиот ден на турнирот “КЛ7 2020“. Во нашиот втор денешен натпревар го совладавме домаќинот, КЛ7, со резултат 25:21 (13:15).

Долго време средбата беше израмнета, со минимална предност на екипата на КЛ7, која го доби првото полувреме со резултат 15:13.

Но, на почетокот од вториот дел нашите пионери го засилија темпото и набрзо го презедоа водството. Се до крајот на средбата не само што не ја испуштивме предноста, туку и ја доведовме до солидни +4.

Денеска нашите пионери одиграа и натпревар со Вардар, кој заврши нерешено, 21:21 (8:10)

.

КЛ7 – Металург  21:25 (15:13)

КЛ7: Галевски 1, Стојановски, Пасковски, Џигероски 2, Тричковски 1, М.Пасковски 4, Зафировски 1, Марковски 1, Даскалов 1, Шулески 7, Продановски 1, Билбиловски, Даскалов 2, Глигоров, Трајчев и Трајков.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 10 минути.

Металург: Ангеловски, Субашевски, Петровиќ 1, Тотиќ 2, Дамовски, Стефков 2, Гилев 4, Стојановски 2, Ангелески 1, Димковски 4, Јазаџиев 6, Талески, Стојаноски 2, Насевски, Георгиевски 1 и Филиповски.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Прочитано 245 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 1