Турнир “КЛ7 2020“: Пионерите на Металург и на Вардар ги поделија бодовите

24.01.2020 17:47
84122852_115866276442214_5054063337768222720_n

Во салата на основното училиште “Крум Кепевски“ денеска почна меѓународниот турнир “КЛ7 2020“.

Во првиот натпревар се сретнаа пионерските тимови на Металург и на Вардар.

Видовме одличен натпревар, кој заврши со израмнети 21:21 (8:10).

Пионерите на Вардар во најголемиот дел од средбата имаа резултатска предност, најмногу со 4 голови разлика, но Металург во ниту еден момент не престана да се бори и да ја чека својата шанса. Таа дојде во самата завршница, кога Металург направи серија од 4:0 и поведе со резултат 20:19. Водевме и со 21:20, но на крајот примивме гол и средбата заврши со нерешен резултат.

Нашиот пионерски тим денеска ќе одигра уште еден натпревар, со домаќинот на турнирот КЛ7. Оваа средба ќе почне во 19.30 часот.

.

Металург – Вардар  21:21 (8:10)

Металург: Анѓеловски, Субашевски 5, Петровиќ, Тотиќ 2, Дамовски, Стефков 5, Гилев, Стојановски 1, Ангелески, Димковски, Јазаџиев 5, Талески, Стојаноски 2, Насевски, Георгиевски и Груевски.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

Вардар: Спасовски, Стојановски 5, Славевски, Аритонов, Силковски, Симоновски, Колевски, Петрушевски 5, Трајановски 2, Тодоровски, Стојменов, Петковски 6, Спасовски, Стојановски и Младеновски 2.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Бојан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

 

Прочитано 231 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =