ТУРНИРОТ ВО НОВИГРАД ГО ЗАВРШИВМЕ СО ПОБЕДА НАД КИНА

24.08.2012 22:18
IHC_logo_turnira_Ngd-Cttnv

Металург ја совлада селекцијата на Кина во својот последен натпревар од “Истриа хандбал Купот“. Резултатот од средбата е 22:19 (11:10).

Според водството на нашата екипа, Металург овој натпревар го одигра многу подобро од претходните два. И на оваа средба настапивме без Наумче Мојсовски кој на натпреварот против Горење се судри со судијата и доби хематом на квадрицепсот.

РК Металург – Н.Р.Кина   22:19 (13:10)

РК Meталург: Aнгелов (13 одбрани), Mитревски, Левов 4, Димовски 6, Наумовски, Георгиевски, Maнасков, Mиркуловски 4, З.Mojсоски, Додер 1, Стоилов, Батиновиќ 1, Joновски, Aлушовски 3 и Вучичевиќ 2.

Инаку, според водството на Металург, причината за лошата игра на нашиот тим лежи во тешките подготовки, многуте натпревари одиграни за кратко време и долгото патување. Нашиот стручен штаб извлече поука од двете загубени средби, ги лоцираше слабостите во нашата игра и има две недели за “пеглање“ на сите недостатоци. Тоа што радува е позитивната атмосфера меѓу нашите ракометари. Во Скопје екипата ќе биде комплетна, со враќањето во тимот на Наумче Мојсовски и Козлина, а по подолго време ќе се вклучи и Младен Ракчевиќ.

Металург во овој момент е веќе на пат кон Скопје каде се очекува да пристигне утре околу пладне.

—————————-

Во вториот натпревар екипата на Загреб го совлада тимот на Горење Велење со резултат 30:29 (16:14).

Пласман:

1. КО Загреб

2. Горење Велење

3. Металург

4. Н.Р.Кина

—————————–

Најдобар играч: Јосип Валчиќ (Загреб)

Најдобар стрелец: Стипе Мандалиниќ (Загреб)

Најдобар голман: Иван Гајиќ (Горење Велење)

Прочитано 658 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5