Убедлив пораз на Македонија на стартот на СП во Египет

14.01.2021 22:39
Makedonija-CHile-938x535

Македонската репрезентација доживеа убедлив пораз на стартот од групната фаза на СП во Египет. Неочекувано лесно загубивме од селекцијата на Шведска, со резултат 32:20 (16:11).

Нашиот противник на СП дојде без дури деветмина стандардни репрезентативци, па потајно очекувавме и евентуална победа во овој натпревар, но тоа не се случи. Всушност, нашата репрезентација одигра рамноправно само во првите 15 минути од натпреварот, се до резултат 9:9. Се понатаму мина во знакот на Швеѓаните, кои покажаа многу поголема желба од нашите ракометари. Својот поход по двата бода Шведска го почна со серија од 5:0, 14:9, со која и го реши натпреварот. Оваа разлика од пет гола остана до крајот на првото полувреме, 16:11.

Ништо не се измени ниту во второто полувреме. Македонија продолжи со слабата реализација во нападот и со несфатливата лежерност во одбраната, па разликата набрзо стигна и до -10, 24:14, веќе во 42. минута. На крајот од средбата ги имавме и максималните -12, 32:20.

Македонија в сабота ја очекува тежок натпревар со домашната селекција, а нашите репрезентативци ќе мораат да извлечат поука од денешната средба и да вложат многу повеќе енергија во тој натпревар со Египет.

.

Шведска – Македонија  32:20 (16:11)

Шведска: Паличка (8 одбрани), Агефорс (4 одбрани), Карлсбогарт 2, Дарј (4), Јонсон 1, Петерсон 1, Ване 11, Петерсон 1, Клар 2, Пелас, Готфридсон 2, Персон 6, Сунефилд, Едвардсон, Сандал 1 и Шринз 1.      Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 8 минути.

Македонија: Митревски (5 одбрани), Томовски (5 одбрани), Велковски 1, Стоилов 2, Димитриоски, Лазаров 5, Кузманоски 1, Талески, Маркоски 1, Кузмановски 1, Костески 2, Танкоски 2, Поповски 2, Георгиевски 1, Пешевски 2 и Мишевски.      Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ларс Јорум и Хавард Клевен од Норвешка.

Прочитано 1.573 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2