Топ Вести

УБЕДЛИВ ПОРАЗ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

03.05.2015 19:13
11200617_10153217264838903_7771830116000327072_n_resize

za tekst

Македонија ја загуби квалификациската средба во Тулуз, со 35:24 (17:10). Според прикажаната игра, се чини дека загубивме незаслужено високо, бидејќи барем во половина од натпреварот бевме рамноправни со силниот противник.

Се до половина од првото полувреме нашата репрезентација достојно му се спротивставуваше на носителот на сите ракометни титули, па во 15. минута губевме само со еден гол разлика, 7:8. Но, зачестените грешки и двете наши исклучувања, во ова четвртина од средбата, резултираа со противничка низа од 8:1, за високи 8:16. Резултатот од првото полувреме е 10:17.

Одлично ја одигравме и третата четвртина од мечот, бидејќи за десетина минути отсековме три од седумте гола предност на Франција. Кога во 42. минута предноста падна на само три гола, 18:21, Онеста зеде тајмаут и ги врати во игра Карабатиќ и Нарцис. Од тој момент Франција заигра многу помоќно и набрзо разликата стана двоцифрена. Највисока предност Французите имаа во 57. минута, кога беше 21:33.

Во игра, со помала минутажа, влегоа сите четворица ракометари на Металург и токму тие ги постигнаа последните три гола за македонската репрезентација.

Франција – Македонија 35:24 (17:10)

Франција: Омејер (6 одбрани), Думулин (6 одбрани), Абало 3, Аниќ, Клер, Ди Панда 3, Гигу 1, Онрубија, Жоли 4 (3/3), Н.Карабатиќ 6, Л.Карабатиќ 1, Мае 3, Н’Гуесан 4, Нарцис 4, Порт 4 и Сораиндо 2.   Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 2 мин.

Македонија: Ристовски (3 одбрани), Ангелов (2 одбраани), Георгиевски 1, Јоновски, Костески 1, К.Лазаров 9 (2/2), Ф.Лазаров 3, Манасков 4, Маркоски, Миркуловски, Митков, Ојлески, Пешевски 2, Прибак 2, Стоилов 2 и Талески.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 6 мин.

Прочитано 2.256 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5